(Фото) Тамара елегантна за Сефер

Поп-пејачката Тамара Тодевска со сопругот Александар вчера беа гости на свадбата на својот кум Сефер Цановски во Истанбул. На Инстаграм пејачката објави неколку фотографии и видеа од свадбата, ама и слика на која се пофали со фустанот што го носи.

„Прекрасна свадба и убави луѓе. ‘Фор тс’ фала за убавиот фустан“, напиша пејачката, заблагодарувајќи ѝ се на Тамара Штерјова Савовски за креацијата. Од следбениците доби бројни комплименти за изгледот.

Сефер вчера се ожени со Сезан. Ова е негов втор брак откако по десет години се разведе со Лејла Рамковска со која беше во брак 10 години. Од првиот брак Сефер има две деца.

Scroll to Top