(ФОТО) Тримесечната ќерка најголема радост за Ертан Шабан и Дилара  

Иако се мега популарни во Турција, Ебру Озкан Шабан  позната како Дилара и нејзиниот сопруг, актерот од Турскиот театар, Ертан Шабан, се трудат приватниот живот да го задржат подалеку од очите на јавност.

Ебру, која се породи во јануари годинава објави само една фотографија од болницата, со која ја сподели среќната вест со обожавателите, а Ертан дури сега, три месеци по раѓањето на ќерката ја опиша неизмерната радост преку фотографија споделена на Инстаграм.

Девојчето се вика Биричик, што во превод од турски значи „единствена“, па оттаму описот на сликата значи „единствена ќерка“.

Ертан долги години работи на филмски и телевизиски проекти во Турција, а пред две години се ожени со популарната турска актерка.

 

Шабан во Македонија е најпознат по улогата на Александар Македонски во серијата „Збогум Румелија“, а Ебру по улогата на Халиде во серијата „Имотот на дамата“ и по улогата на Дилара во „Парампарче“.

Scroll to Top