(ФОТО) Влатко Стефановски со децата во Калифорнија

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски замина за Калифорнија. Тој сподели и фотографија на својот инстаграм-профил. Влатко во моментов е во Венис Бич, Калифорнија.

Стефановски неодамна го промовираше својот албум „Мајчин јазик“, а изминатиов период имаше концерти во неколку европски градови.

Од минатата недела особено е актуелен со видеото од концертот во Загреб, каде што заедно со хрватската музичка дива Јосипа Лисац ја отпееја старата македонска песна „Јано мори“.

Scroll to Top