Фудбалерот Андреј Ацевски воодушевен од Истанбул

Фудбалерот Андреј Ацевски деновиве престојуваше во Истанбул од каде се врати со силни впечатоци. Младиот центар на „Борец Велес“ на своите профили на социјалните мрежи објави неколку фотографии од патувањето, воодушевен од убавината на градот.

„Во Истанбул најголем впечаток ми остави брзината и динамиката на градот. Една огромна метропола каде се чини дека секој поединец е трговец или има нешто да ти понуди. Како голем љубител на историја градот ме фасцинира поради тоа што бил крстопат на најголемите цивилизации на светот. Да можеш да видиш остатоци од римско-византиска и османлиската култура испреплетени во секој дел од градот е навистина уникатно искуство“, рече Андреј за „Репортер“.

Тој додаде и дека не можел да ѝ одолее на турската храна.

„На секој чекор си пред искушенија, дали се тоа ќебапи,  донери, баклави или локуми од кои не можеш да се заситиш“, ни рече тој.

Scroll to Top