Познати актери, личности од јавниот живот, музичари, политичари, вчеравечер беа на отварањето на реконструираниот Албански национален театар. Конечно, после подолго време, целосно уреден, театарот ги собра на едно место лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ексминстерката за култура Елизабета Канческа, обвинителката Фатиме Фетаи, музичарот Бени Шаќири, директорката на театар Комедија, Нора Шаќири -Марковиќ и многу други.
Истовремено театарот одбележа и 71 година од своето постоење. Отварањето беше со секвенци од преставата во која требаше да игра починатиот актер Луран Ахмети кој ја изгуби битката со короната. Таа престава требаше и да го отвори театарот, но беа прикажани само делови од неа.
До сега актерите од Албанскиот театар заедно со Турската драма, играа во театарот Комедија. Од сега ќе играат во новиот реконструиран театар, каде директор е Адем Карага.
Формиран е на 20 јануари 1950 година . Првата претстава е одиграна на 12 јуни 1950 година, “ Женидба“ од Гогољ во режија на Абедин Красниќи.
Алкесандра Георгиев