(Галерија) Анета Молика на свадба ја расплака српската пејачка Слаѓа Алегро

Пејачката Анета Мицевска, позната како Анета Молика, неодамна пееше на свадба во Скопје, заедно со српската пејачка Слаѓа Алегро. Двете дами пееја одделно, ама запеаја и заедно и направија одлична атмосфера. По настапот, Слаѓа на инстаграм-стори откри дека повторно се воодушевила од пеењето на Анета и призна дека се расплакала додека ја слушала како пее.

„На момент, ама само на момент заборавив колку си моќна. После минатата вечер, ми се вратија спомените, уште се сеќавам на вечерта кога се запознавме, кога ни го пееше токму ова и сите занемевме. Јас сега повторно занемев, влегов на вашиот канал на Јутјуб и вчудовидено го слушав секој тон, секој збор. Толку имам да кажам, а сакам сите да слушнат. Оние кои знаат што е музика, а знам дека сѐ уште ги има, иако понекогаш не се чини така, ако сакате да отпатувате негде, да замижите и срцето да ви затрепери, слушнете што има да каже оваа жена“, напиша Слаѓа.

За потсетување, Анета во јавноста важи за една од пејачките со најубав глас во Македонија. Таа долги години пее со групата „Молика“, каде што свири и нејзиниот маж Џими.

Scroll to Top