(Галерија) Јелена Спенџарска избега на Боровец

Телевизиската водителка Јелена Спенџарска изминатиот викенд престојуваше на Боровец во одморалиштето „Малина и јагода“. Таа објави неколку фотографии од својот мини одмор и напиша: „Подалеку од проблемите. Од ликови од кои ви е преку глава… Подалеку од светот“.

Фотографиите од преубавото место предизвикаа големо внимание кај нејзините пријатели и кај пријателите на социјалните мрежи. Тие ѝ оставија многубројни коментари, меѓу кои и дека го одбрала вистинскиот начин да ги наполни батериите.

„Не знам каде ќе ме однесе животот за 5 години, но се надевам дека ќе биде на некое преубаво место – со феноменален поглед како овој“, напиша Јелена.

Scroll to Top