(Галерија) Каролина како топ-модел

„Денот започнете го со насмевка“ им порача поп-ѕвездата Каролина Гочева на сите свои пријатели и следбеници на Инстаграм. Таа објави серија фотографени направени за познат моден бренд, а на сите нив е насмеана и весела.

Пријателите ѝ дадоа комплименти дека потсетува на безгрижно девојче, а други ја споредија со најпознатите светски топ модели. „Нежна, природна, харизматична“ се само дел од коментарите што ги оставија тие под фотографиите. Каролина, пак, најави дека од есен ќе ја продолжи соработката со модниот бренд и дека наскоро ќе сними нова фотосесија.

Пејачката годината ја почна со седум концерти во Скопје на кои го промовираше албумот „Извор“. Потоа одржа концерти низ неколку градови во Македонија, а најавува дека до крајот на годината ќе посети уште десетина града за да одржи концерти и таму.

Scroll to Top