(Галерија) Каролина запеа на својата свадба

Свадбата на Каролина Гочева и Михаил Корубин е настан на сезоната и многу детали поврзани со нејзината организација, со местото на одржување, со фустанот на невестата и слично, останаа тајна до самиот крај. Но, како што започна свадбената веселба, така нејзините пријатели почнаа да објавуваат фотографии од свадбата, со и без невестата.

Невестата, која во меѓувреме се преоблече, запеа на сопствената свадба, изведувајќи ја песната „We Found Love“ од Ријана и Калвин Харис.

На свадбата на Каролина и Михаил, освен нивните семејства, пријателите, претставниците на Авалон продукција, се забавуваат и Елена Ристеска, Весна Петрушевска, Владимир Блажев – Панчо, Тамара Тодевска, Александар Дадар, Калиопи, Живкица Каленикова и други јавни личности.

 

Scroll to Top