(Галерија) Модата на „Макфест“

Викендов во Штип се одржува 32. издание на фестивалот „Макфест“. На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ се појавија четириесетина изведувачи, кои освен со музиката, оставија впечаток и со изгледот.

Повеќето пејачки оваа година беа облечени во долги или куси фустани со силни, впечатливи бои и со многу  светки.  Од фустани во црвена и виолетова боја, до  чипка и мрежа, се можеше да се види на сцената. Дел од пејачите пак пееја во куси тесни панталониња кои ги искомбинирале со хулахопки со мрежа. Имаше и такви кои избраа цветови – и како украс на фустаните и како асесоари. Сепак, на сцената  доминираа белата, црната, златната и сребрената боја.

Машките изведувачи одбраа класични костуми со темни бои и бели кошули, или комбинација од фармерки со маичка и палто или кожена јакна, па меѓу сите нив се издвојуваше Александар Тарабунов со костумот со црвено палто.

Финалето на „Макфест“ е вечерва од 20.30 часот.

Scroll to Top