(Галерија) Наташа Малинкова летува по протокол

Поп-пејачката Наташа Малинкова летува во Охрид. Таа објави неколку слики направени на базенот во хотелот кај што е сместена. Пејачката и на базен е далеку од другите гости, според пропишаните препораки за растојание.

„Опуштете се и не размислувајте за ништо барем еден ден“, напиша Наташа.

Пријателите, освен што ѝ коментираа дека е секси, ја прашаа како е да се летува по протокол.

Инаку, пејачката, која направи подолга пауза поради короната, неодамна промовира нова песна, а викендов ја имаше и првата свирка по долго време.

Scroll to Top