(Галерија) Ребека се потсети на свадбата од пред 12 години

Поп-пејачката Ребека Јанковска – Ристески и нејзиниот сопруг Мики се во брак од 2006 година. Тие имаат три деца, синовите Маркијан, Макариј и Доротеј. Пејачката на социјалните мрежи сподели неколку приватни фотографии и се присети како таа и Мики изгледале на денот на нивната венчавка пред 12 години. На една од сликите Ребека е со нејзината мајка, со сестрата Хелена и внуката Кјара.

„Нашата венчавка пред 12 години на денешен ден. Љубов“, напиша Ребека покрај фотографиите.

Кога се венчаа Ребека беше една од најпопуларните пејачки кај нас. Таа последните години музиката ја замени со социјална и хуманитарна работа. Ребека е основач на здружението „Дајте ни крила“ и се залага за правата на децата со ретки болести. Мики е лекар на Клиниката за онкологија.

Scroll to Top