(Галерија) Се омажи Јана Стојановска, српска свадба за македонската глумица

Македонската глумица Јана Стојановска вчеравечер се омажи со кошаркарот Андрија Бојиќ. Свадбата се одржа во белградскиот хотел „Југославија“. Јана носеше бел фустан со тантела, а Андрија сив класичен костум со елек. Меѓу гостите на свадбата беа многу глумци и дел од кошаркарите на „МЗТ Скопје“, екипа за која настапува Андрија.

Јана е во петтиот месец од бременоста. Таа и Андрија неодамна открија дека чекаат син. Јана е ќерка на актерката Силвија и Ненад Стојановски. И нејзината сестра Ана е глумица.

Публиката од регионот ја запозна со улогата во серијата на Драган Бјелогрлиќ, „Сенки над Балканот“. Андрија, пак е кошаркар од Србија, кој веќе неколку години живее во Скопје.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top