(Галерија) Торти украсени со ликот на македонските политичари

Торти, мафини, колачи и разни деликатеси изработени со ликовите на политичарите што се власт, но и во опозиција, веројатно станаа тренд кај нас. Со фондан или шлаг-пена во разни бои се изработуваат торти со ликовите на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПНЕ, Никола Груевски.

Покрај нив, на деликатесот од пандишпан со ореви осамнаа и ликовите на претседателот Ѓорге Иванов, потоа поранешниот министер Зоран Ставревски, но тука се и актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и ликот на Максим Димитриевски сосе слоганот за кампањата на локалните избори „Живот за сите“.

Освен со ликовите на политичарите, се изработуваат и торти со партиските симболи. Овој тренд го започна поодамна ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт, а сега не заостанува ниту СДСМ. За изработката на тортите биле задолжени вештите жени од земјата, симпатизерки на едната или другата партија.

И за овој тренд кај нас, покрај позитивните коментари на социјалните мрежи, не изостанаа и коментарите со мајтап.

Scroll to Top