Германски планинар ќе се обиде да го искачи Еверест без шерпаси и кислород

Германски планинар ќе се обиде да го искачи еверест без шерпаси и кислород. Станува збор за Јост Кобуш кој иако е свесен дека неговите шанси да стигне до врвот се мали и дека голема  можноста  никогаш да не се врати. Исто така, шансите дека некој ќе го спасува ако нешто тргне на лошо се рамни на нула. Но, германскиот планинар Кобуш вели дека токму тоа е адреналинот на неговиот проект.

„Некои велат дека сум луд. Но, тоа е здрава лудост. Не е дека одам без подготовки“, вели Кобуш и додава : „Знам дека моите семејство и девојка се загрижени. Јас се фокусирам на целта и ова е е медитативно искуство и не чувствувам ништо додека го правам тоа“, вели Кобуш.

Дваесет и деветгодишниот Германец ќе се обиде да го искачи Монт Еверест во зима сосема сам, без боци со кислород и помош од шерпаси.

Тој го пробал истото и пред две години, но стигнал до 7.350 метри. Во вториот обид се надева дека ќе стигне до 8.000, а потоа и до самиот врв на 8.848,8 метри.

Ова досега му успеало само на еден шерпас, но и тој не бил сам. Анг Рита Шерпа, кој почина лани, се искачувал со група јужнокорејски планинари во 1987/88. На врвот стигнал со еден од нив, кој носел дополнителен кислород.

Кобуш веќе соборувал рекорди. Тој е најмладиот планинар кој сам го искачил 6.800 метри високиот врв Ама Даблам и е прв човек кој го искачил врвот Нангпаи Госум, висок околу 7.300 метри.

Тој планира да ги направи своите обиди меѓу 22 декември и крајот на февруари.

Scroll to Top