Ѓоко Јовиќ го промовира новиот албум „Корени“

Вчера, во ресторанот „Дион“, пред своите најблиски пријатели, колеги и соработници, пејачот Ѓоко Јовиќ го промовира својот најнов албум „Корени“. Пејачот публиката ја изненади со поп-албум на кој се најдоа девет композиции.

Како автори на повеќето од песните се јавува Лазар и Магдалена Цветковски.

 

Покрај новиот албум, Ѓоко пред присутните промовира и два видеоспота. Еден од нив е за носечката песна на албумот „Корени“, а другиот за „1.001 една ноќ“,  двата снимени во Австралија.

 

– Пресреќен сум што ве гледам во толку голем број. Овој албум посебно ме радува и ме прави среќен. Им благодарам на сите што работеа на „Корени“, им благодарам на моите најблиски, а најмногу на мојата сопруга Ивана и моите три ангелиња. Тука не застануваме, продолжуваме и понатаму да создаваме нова музика – изјави познатиот пејач на синоќешната промоција.

Инаку, промоцијата се одржа во ресторанот „Дион“ во Скопје, а на неа присуствуваа голем број од колегите на Јовиќ. Меѓу нив ги забележавме: Влатко Лозаноски – Лозано, Магдалена Цветковски, Јоце Панов, Благоја Грујовски, Андријана Ацевска, Борче Димитров, Анета од групата „Молика“, Ирена Вељовска, Митко Стоилов и многу други.

Scroll to Top