Индира Кастратовиќ: „Сопругот ме туркаше напред“

Поранешната ракометарка Индира Кастратовиќ секогаш со задоволство раскажува за деновите во „Кометал“, за шампионската титула, за успесите што ги постигна со ЖРК „Вардар“. Во моментов таа е координатор на помладите тимови во клубот.

Кога помислува на „Кометал – Ѓорче Петров“, таа се сеќава на 2002 година кога клубот ја освои Лигата на шампиони.

„Таа година беше и успешна и тешка, имаше и успеси и падови, но ете, таа наша европска шампионска титула ќе остане запишана во историјата“, вели Индира.

И денес се дружи со девојките од клубот. Во мај годинава тие организирале прослава по повод 15 години од освојувањето на титулата.

„Се собраа сите девојки што можеа да дојдат. Од Романија дојде Луминица Дину, а од Русија допатуваа Ања Андрушенко и Лариса Кисељева. Бевме и ние што сме тука: Гордана Нацева, Милева Велкова, Наталија Тодоровска, Ленче Златановска, Анжела Платон, Андријана Будимир, Мими Чупиќ, Валентина Радуловиќ… Пред две години имавме традиција да се собереме сите во сала и да играме ракомет рекреативно. Си баравме причина да се видиме и да се подружиме. Секоја од нас сега има деца и се гледаме на нивните родендени. Денес сите имаме поинаков живот и различни муабети меѓу нас. Си даваме совети за децата“, додава Кастратовиќ.

И нејзиниот сопруг Зоран Кастратовиќ е поранешен ракометар.

„Мојот сопруг многу ми помогна во кариерата. Заедно сме од мојата 18. година. Тој секогаш ме туркаше напред. Да не беше тој да ми каже ‘добро е, одиме понатаму’ можеби немаше да го постигнам ова што го постигнав денес. Секој човек треба да има некого покрај него и за убавите и за лошите работи во животот. Треба да се сакаме, треба да бидеме поддршка едни на други, и треба да веруваме во луѓето околу нас“, рекла Индира.

Целото интервју прочитајте го овде.

Scroll to Top