Ирена не му одолеа на Здравко

Познатата водителка Ирена Спировска беше на концертот на Здравко Чолиќ викендов во Велес. И таа како и многу други познати личности од кај нас не му одолеа на балканскиот пејач, па се фотографираше со него. Водителка се пофали и на својот инстаграм-профил.

Здравко Чолиќ во Велес настапи на „Питијада 2017“ и  направи вистинска концертна журка на која многубројната публика во еден глас  ги отпеа неговите најголеми хитови.

Scroll to Top