Изгубила 10.000 долари, не знаела што јаде Попај

Натпреварувачката Ева Дубој ја пропуштила можноста да освои 10.000 долари во семејниот квиз Familu Feud во Канада, откако дала погрешен одговор на прашањето што јаде Попај морнарот.

„Едноставно. Едно прашање, само еден одговор. Кој ќе погоди, игра за 10.000 долари. Тоа е тоа. Кој ќе погоди, победува“, изјавил водителот Гери Ди на натпреварувачката минатата недела. Која е омилената храна на Попај?“, било прашањето.

Ева успеала да се пријави прва и дала брз но погрешен одговор. Таа одговорила пилешко, а нејзиниот танц на сцената ја направи уште посмешна.

Нејзиниот противник Логан Томлин веднаш потоа го дал точниот одоговор спањак.

 

Scroll to Top