Ја доела Маја Оџаклиевска, додека мајка ѝ работела

Секој понеделник во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ настапува 90 годишната  Добрила Ивановска Чобриќ, македонската претставничка која ги освои фановите.

Во една емисија член на жирито беше и македонската пејачка Маја Оџаклиеска, која многу се израдува кога ја виде Добрила. Таа откри дека не се виделе 46 години, а исто така изјави дека Добрила била добра пријателка на нејзината мајка, па додека таа вежбала Добрила ја доела Маја Оџаклиевска.

„Добрила, да не заборавиме да кажеме една важна работа. Во паузите додека мајка ми работеше, а јас морав да јадам нешто, Добрила ме доеше“, изјави Маја Оџаклиеска.

Македонската пејачка излезе на сцена и ја прегрна Добрила, емотивната сцена ги разнежни гледачите.

Scroll to Top