Јоце Панов ја покажа девојката

Пејачот Јоце Панов е многу активен на социјалните мрежи, но на фотографиите најчесто објавува фотографии од фотосесии, од бројните настапи и со фановите. Понекогаш на фотографиите ги има и неговите најблиски соработници, но приватниот живот го чува приватен и ретко кога објавува фотографии со девојката Мариана Нацевска.

Јоце и Мариана се подолго време во врска. Тие викендов беа на свадба кај блиски пријатели, а Јоце по подолго време реши да сподели слика со Мариана. Коментарите на фотографиите се дека двајцата изгледаат гамурозно, како светски ѕвезди на црвениот килим.

Јоце не издржа и во текот на на свадбата го зеде микрофонот в рака, па испеа неколку песни на радост на гостите и младенците.

Scroll to Top