Јована Нешова заштитно лице на кинески бренд

Моделот Јована Нешова веќе шест месеци престојува и работи на азискиот моден пазар. Таа снимаше во Шенжен и Хонг Конг, а во моментов работи во Шангај, каде стана заштитно лице на брендот „Фиона Чен“.

Изминатава сезона Јована сними неколку бјути едиторијали, каталог за брендот „Фентенг“ и лукбук за „Хајпербист Ејч-би-екс“ каде што носеше модели од Хелмут Ланг. Поради бројните ангажмани, Нешова ќе остане во Шангај до крајот на мај и ќе учестввува на ревиите на Шангајската модна недела.

„Неуморна, полна со енергија и пред сè врвен модел“, велат за Јована од нејзината матична агенција „Моделс ИН“ од Скопје.

Scroll to Top