Качувањето по скали ја подобрува концентрацијата

Едно скорешно истражување на американски научници покажа дека ако сте уморни и тешко ви е да се концентрирате, наместо да пиете кафе, подобро е десетина минути да се качувате по скали. Во истражувањето учествувале 18 млади жени на возраст од 18 до 23 години кои имаат навика да спијат помалку од 6,5 часови и консумираат мала количина кофеин.

Едната група во текот на денот земала една капсула од 50 милиграми кофеин, додека другата десетина минути со умерено темпо се качувала по скали. Истражувањето покажало дека жените што се качувале по скалите, по оваа вежба се чувствувале поенергични и помотивирани, отколку оние што против заморот се бореле со помош на кофеин.

Scroll to Top