Кога ќе станам од спиење секогаш пуштам музика. Тоа ми е како посебен ритуал, не можам да го замислам утрото без музика. Јас сум тип што слуша буквално сè, но зависно од расположението, тоа може да почне со македонска, српска или странска, од народна, забавна, до рок.
Немам навика да пијам утринско кафе. Наутро одам на тренинг и немам време, но по тренингот сакам да испијам нескафе или ирско кафе. Кафето најчесто го прави сопругата, таа ми прави најубаво кафе.
Викенд утрата најчесто бев во карантин или на натпревар, па станував рано, но последнава година закрепнував од повредата, па викендите најчесто ги користев за да се наспијам. Рано станувам само кога имам тренинзи или некои обврски, но кога сум слободен сакам да поспијам.
Утринското расположение не ми влијае на расположението во денот. Ретко се случува да сум нерасположен наутро. Најчесто кога сум нерасположен сакам да бидам сам, да си посветам време на себе, добра музика, плејстејшн.
Позитивната мисла што ме води секој ден е дека животот е многу краток и никогаш не знаеш што ти носи утре, затоа уживај во секој момент од него.
Кафе-муабет со Игор Алексовски, голман