Како изгледаше Перо Камиказа пред 30 години

Петар Георгиевски – Камиказа, еден од членовите на култната група „Меморија“, некогаш беше актер. Тој играше во југословенскиот ТВ-филм „Марика лета со авион“. Филмот е сниман во 1988 година, а го режира  Борис Дамовски, кој го напиша и сценариото.

Петар ја сподели оваа фотографија да се потсети како некогаш изгледал и колку се изменил од тогаш.

Камиказа интензивно се спрема за концертот на „Меморија“, која по 25 години од последниот настап, на 18 ноември ќе одржи концерт во „Метрополис арената“ во Скопје.

Scroll to Top