Хрватскиот ракометен репрезентативец Игор Карачиќ, кој веќе неколку години е во Вардар, вчера беше прогласен за најдобар ракометар на турнирот. По победата и освојување на тутулата, тој вчера за последен пат играше во дресот на Вардар, а веќе потпиша договор со клубот на Келце во Полска.
По победата над Веспрем, тој даде изјава за српските новинари, за ситуацијата во која се наоѓа Вардар , каде играчите веќе девет емсеци немаат земено плата.
„Се надевам дека Вардар ќе опстане, и дека Вардар ќе се извлече од оваа ситуација и ќе најде вистинско решение со Владата и со политиката, но штета кава држава би било тоа, ако пуштат низ вода ваков проект, вакво чудо ваков амбасадор, македонски абсадаор, балкански амбсадор да пропадне“, рече Карачиќ.
&