Калиопи ќе одржи акустичен концерт во Белград

Поп-ѕвездата Калиопи на 25 ноември ќе одржи концерт во салата „Коларац“ во Белград. Српската публика првпат ќе има можност да ги слушне нејзините хитови во акустична верзија, а таа пред белграѓани ќе ги испее „Бато“, „Црно и бело“, „Кофер Љубави“ и други во малку поинакво издание.

„Белград секогаш има посебно место во моето срце. Со нетрпение го чекам 25 ноември. Времето сигурно ќе биде студено, но мојот „куфер на љубовта“ е полн со топлина“, изјави Калиопи за српските медиуми.

Scroll to Top