Катарина Ивановска: Време е да се вратам во форма

Македонскиот топ-модел со интернационална кариера Катарина Ивановска по породувањето со синот Вања, повторно се враќа во топ-форма. Иако и во бременоста и по породувањето немаше проблем со килограмите, Катарина реши повторно да ја посетува салата за вежбање.

„Моето синче ми кажа дека е време да се вратам на вежбањето“ напишала Катарина на фотографијата што ја објави на својот фејсбук-профил.

Топ-моделот и актерка од македонскиот филм „Трето полувреме“ покрај  манекенската кариера речиси секоја година е дел од Скопскиот маратон, каде што секогаш постигнува забележителни резултати.

Scroll to Top