Казна од 300 евра за таткото на Марко оти го следел со кајче додека го препливуваше езерото   

Таткото на Марко Пејчиноски, момчето кое со инфаркт на нозете го преплива Охридското Езеро на само 12 години, добил казна од 300 евра поради тоа што го следел својот син со нерегистрирано кајче, пренесува Охрид скај. Од страна на Капетанијата на пристаништа на Република Македонија – Охрид, поради завршувањето на сообраќајната дозвола на неговото кајче, Тони Пејчиновски ја добил казната, и покрај тоа што кајчето го користел додека Марко тренирал во езерото. Ова се случило една недела пред Марко да ги преплива 30-те километри, од Свети Наум до Охрид, односно на секојдневниот тренинг што го правел со неговиот неговиот татко.

Ваквиот потег на Капетанијата предизвика бура од негодувања кај охриѓани, но и сите засегнати страни, бидејќи тие знаеле со која цел биле секојдневните тренинзи во езерото – малиот Марко мора да плива, најмногу поради здравствените причини што ги има (инфаркт на долни екстремитети).

За целиот овој случај жалење покажал капетанот Горан Устијаноски, но според неговите зборови, тој немал надлежност да преземе што било бидејќи прекршокот бил регистриран од езерската полиција.

 

„Ќе ви ја скршам кичмата ако не му помогнете на Марко“, се закани Шабан Трстена

Scroll to Top