Ќерката на Хелена иста како тетка ѝ Ребека

Хелена Роза пред две години се пресели во Нов Зеланд за, како што вели, да најде подобар живот од овде. Хелена во интервјуто за „Репортер“ ни откри дека нејзината ќерка Кијара одлично се снашла во Нов Зеланд, дека е голема девојка, дека одлично ѝ одат студиите таму и дека работи во позната продавница за очила.

Кијара споделува фотографии од тоа како го поминува времето во Нов Зеланд уживајќи на плажа во бикини.

Оние кои ја познаваат велат дека била иста како тетка ѝ Ребека, и дека многу потсетувала на поп-пејачката во времето кога ја градеше својата музичка кариера. (А.Г.)

Scroll to Top