Кире Лазаров ќе ја учи Франција

Кирил Лазаров пред еден месец се пресели во Франција. Тој се навикнува на новата средина и на новиот клуб „Нант“, со кој се надева дека ќе освои уште некоја титула во својата кариера.

„Нова средина, нов почеток, нов предизвик… Тимот е добар, владее позитивна атмосфера, а клубот од година на година има амбиции да расте. Засега сум задоволен, иако сум свесен дека ќе ми треба уште малку време за приспособување,“ ни раскажа капитенот на македонската ракометна репрезентација.

Scroll to Top