Концерт на Даниел Данн на „Самерленд“ во Скопје

Македонскиот музичар Даниел Данн утревечер (22 јули) со својот бенд ќе пее на Школка во Градскиот парк во Скопје, во рамките на летниот фестивал „Самерленд“. Настапот на Данн почнува во 21 часот. Даниел ќе испее дел од своите авторски песни, но и најголемите светски и македонски поп-хитови.

Публиката го запозна Даниел Данн пред повеќе од 10 години како ексклузивец на „Масив скај мјузик“ и „Горила продукција“. Изминатите години тој настапи на сите македонски фестивали, а освои и награди на неколку регионални фестивали, вклучуваќи ја сребрената сирена на „Сунчане скале“.

Тој ги испеа хитовите „Губам од себе“, „Сила на љубовта“, „Створен да те сакам“, „На некој друг“… Последниот сингл, Sunshine, го објави на англиски јазик во соработка со светски познатата диџејка и продуцент Марга Сол.

„Токму Sunshine ќе биде песната со којашто ќе го започнам двочасовното шоу“, вели Даниел.

Фестивалот „Самерленд“ е под покровителство на Град Скопје и ќе трае со 28 јули.

 

Scroll to Top