Концертна промоција на првиот албум на бендот „Филч“

Вечерва (16 септември) во МКЦ Кино Фросина со почеток од 20 часот ќе се одржи концертната промоција на првиот албум на македонскиот бенд „Filch“. Ова е прв настап на бендот и тие ексклузивно ќе претстават девет авторски инструментални дела, покрај двете кои беа пуштени во јавноста.

„По долг период на создавање и работење на музиката и по повеќе потешкотии, конечно сме тука, албумот е готов, датумот е закажан, сѐ е подготвено за една одлична вечер. Ве покануваме сите да го означиме заедно почетокот на оваа наша приказна преточена во музика, музика која знаеме дека е наша, искрена и има за цел да го оплемени духот на секој кој ќе подзастане и ќе обрне внимание на неа. Оттука само напред и нагоре! Бидете таму!“ напишаа од бендот во јавната покана до сите кои сакаат да слушнат нова авторска музика.

Scroll to Top