Кожените детали на Груевски полн погодок за Суперкупот

Златко Јовановски, модниот дизајнер и моден гуру, за „Репортер“ денес го коментира стилот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски. Фотографијата е направена на неодамнешниот Суперкуп во Скопје, каде што тој со сопругата Боркица и двете ќерки го гледаше натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

„Господинот Груевски изгледаше како вистински џентлмен, во фини пастелни, земјени тонови. Кошулата и пантолоните убаво си одговараа. Со кожените акценти на ременот и часовникот мислам дека го постигнал посакуваниот ефект“, коментира Јовановски. (А.Г.)

Scroll to Top