Ламбе изненади со семејна фотографија

Пејачот Ламбе Алабакоски важи за човек кој не сака да ја дели својата приватност со јавноста и многу ретко објавува фотографии на социјалните мрежи. Но, деновиве со своите следбеници на „Инстаграм“ сподели две семејни фотографии на кои е со сопругата и синот. Под фотографиите едноставно напиша „есен, љубов“.

Ламбе подолго време не е активен на музичката сцена. Откако се ожени со девојката Магдалена во 2013 година, се пресели во Америка и ја стави музиката во втор план. Во меѓувреме, Ламбе стана и татко на Михаил, кој има четири години.

Scroll to Top