Лавина коментари поради статусот на Илија Димовски на социјалните мрежи

Пратеникот на ВМРО-ДМПНЕ, Илија Димовски, денеска предизвика лавина коментари на социјалните мрежи поради својот статус во кој вели: „Странциве што се дојдени за Суперкупот се сликаат со ГТЦ или со ‘Скопје 2014’“?

На оваа негова изјава постојано се надоврзуваат разни коментари, едни со поддршка за статусот на Димовски, а други со критика или сарказам, како репликата „Кога одиш во циркус, се сликаш со кловнот или со тој на каса?“

 

Се јавивме кај координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој ни одговори дека знае оти предизвикал лавина коментари на социјалните мрежи. Ни откри и дека ќе оди да го гледа натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, кој се одржува вечерва во Скопје.

„Ќе го гледам натпреварот на новиот стадион, ќе ја посетам фан-зоната на новиот плоштад, фудбалерите пристигнаа на новиот аеродром и се движеа по новите булевари. И да не беа сите овие капитални инвестиции можеби немаше да се игра Суперкупот тука“, ни рече Димовски.

Пратеникот на ВМРО ни откри дека не навива ниту за Манчестер ниту за Реал, но овој пат сака да победи Манчестер јунајтед. (А.Г.)

Scroll to Top