Лажен профил на Фатиме Фетаи на „Инстаграм“

На „Инстаграм“ се појави профил на Фатиме Фетаи за кој Специјалното јавно обвинителство вели дека е лажен.

„Засега непознато лице создало лажен инстаграм-профил на јавната обвинителка Фатиме Фетаи. Станува збор за класична злоупотреба на идентитетот на обвинителката Фетаи, при што овој лажен профил е искористен во јавноста да се пласираат ставови за актуелни настани со цел да се наштети на угледот на обвинителката и на самото СЈО“, стои на официјалната фејсбук-страница на СЈО.

Лажниот профил е веднаш пријавен во Министерството за внатрешни работи и се работи на откривање  на лицето што го креирало инстаграм-профилот.

 

Scroll to Top