Лидија Кочовска поп-музиката ја замени со оперско пеење

Вчеравечер во Македонската опера и балет беше изведена претставата „Кавалерија рустикана“, а меѓу учесниците во хорот при Операта беше и пејачката Лидија Кочовска. Таа изминативе денови објавуваше фотографии од подготовките за премиерата, но и по самата претстава со пораката „отворивме сезона“. Лидија последниве години поп-музиката ја замени со оперско пеење и е постојан член на хорот при Операта.

Со „Кавалерија рустикана“ на Пјетро Маскањи се одбележа 70-годишнината од формирањето на Македонската опера. Во претставата настапуваат Весна Ѓиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Николина Јаневска и Марика Поповиќ.

Scroll to Top