Лила им го даде роденденскиот подарок на децата во домот „11 Октомври“

Водителката Лила Стојановска, која пред неколку дена го прослави 46. роденден, доби многубројни роденденски подароци, меѓу кои и чоколадо тешко 7 килограми. Таа реши овој подарок да им го даде на децата од домот без родители „11 Октомври“ во Скопје. 

Лила е позната како хуманитарец и не е првпат со подароци да ги израдува овие деца. Таа честопати учествува во хуманитарни акции, но многупати и самата е иницијатор за помош на загрозени граѓани од разни категории.

Scroll to Top