Лина Ѓорческа падна 90 места на ВТА-листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа почна да паѓа на светската тениска ранг-листа и во моментов се наоѓа на 260. позиција. Ова е дури за 90 места полош пласман од најдобриот што го имаше пред пет месеци. Младата тетовчанка веќе некое време не настапува на турнири, што резултира со пад на рејтингот на светската листа. Во јуни годинава Лина беше на 170. место, а сега е на 260., што е огромен пад.

На врвот на ВТА-листата е Романката Симона Халеп, а по неа се Гарбиње Мугуруза, Каролина Вознијаки, Каролина Плишкова, Венус Вилијамс, Елина Свитолина, Јелена Остапенко, Каролин Гарсија, Јохана Конта и Кристина Младеновиќ.

Scroll to Top