Лоба се подмладува со лифтинг

Поп-пејачката Викторија Лоба објави фотографија на својот инстаграм-профил со која се пофали дека се грижи за својата кожа и тен. Таа вели дека била на терапија за лицето која поттикнува циркулација и го стимулира процесот на природно создавање колаген, тонизирање на кожата и лифтинг.

Поп-пејачката, која во моментот е актуелна со песната „Дојди“, често споделува фотографии на „Инстаграм“. Таа е дел од рекламната кампања за долна облека. За „Репортер“ неодамна изјави дека иако медиумите пишуваат дека наводно ја раскинала врската со Ѓорѓи, тоа не е вистина и наскоро ќе има свадба.

Scroll to Top