Лоба се разладува со коктел

Поп-пејачката Викторија Лоба го искористи првиот продолжен викенд и топлото време да замине на мини одмор во Грција. Таа со фотографии на својот инстаграм-профил се пофали дека е веќе на плажа и дека ужива во летните коктели. Во бело бикини и маичка по долги ракави, Викторија изгледа секси и заводливо, напишаа во коментарите нејзините следбеници на „Инстаграм“. Некои, пак, ѝ напишаа дека се наоѓа во најубавиот бар на плажа во соседството.

Викторија изминатиов месец беше многу активна на музички план. Таа минатата недела го промовираше заедничкиот сингл со Тајзи, „Каде сме ние“, а само неколку недели претходно и песната „Херои“. Пејачката го подготвува својот нов албум, и како што рече за „Репортер“, ќе го промовира во текот на летото.

Scroll to Top