Маја Оџаклиевска: „Пред 33 години родив принцеза“

Пејачката Маја Оџаклиевска преку својот фејсбук-профил ѝ испрати емотивна роденденска честитка на својата ќерка Теа.

„На денешен ден пред 33 години ја родив својата прва принцеза. Среќо мајкина, ти посакувам убав живот, будни соништа, самодоверба до небо, волшебни моменти и трепет на душата со Лука. Те сакам неизмерно. Среќен роденден“, ѝ порача Маја на ќерката Теа.

Пејачката ѝ е најголема поддршка на ќерка си, чиј син Лука боледува од аутизам.

„Најсреќна бев кога го родив првото дете. Потоа кога го родив второто. Кога се роди Лука, почувствував како да имам трето дете. Велат внуците се сакаат повеќе од децата, а јас се плашам од многуте емоции што ги чувствувам во моментот“, изјави пејачката пред седум години кога стана баба.

Scroll to Top