Македонка има најубав фустан во светот

Манекенката Христина Јанеска на почетокот на декември ја претставуваше Македонија на изборот Miss Model of the World што се одржа во Кина. Таа на натпреварувањето ја освои наградата за најубав вечерен фустан, по што рече дека е пресреќна што се вратила со награда од светски избор. Фустанот што го носеше 22-годишната манекенка од агенцијата „Подиум“ беше креација на „Нана“.

По Кина, Христина учествуваше и на натпревар за убавина во Дубаи. Таму носеше долго здолниште од свилен тафт, креација на Андреј Папаз, и корсет од Христина Христова. Фотографиите што ги објави на својот инстаграм-профил се направени во хотелот „Бурџ ал-Араб“, еден од најлуксузните во Дубаи и првиот хотел со седум ѕвездички во светот.

Христина во Бурџ ал-Араб
Scroll to Top