Македонскиот борач Бесир Алили пречекан како ѕвезда на „Скендербег“

Борачот Бесир Алили, кој освои златен медал на Европското првенство во борење за кадети во Италија минатиот викенд, беше пречекан како ѕвезда на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Голем број граѓани ги пречекаа Алили и останатите членови на клубот „Лирија“ на скопскиот плоштад и го извикуваа неговото име. 

Алили стана европски шампион во категорија слободен стил до 48 килограми за кадети до 17 години. Ова е прв златен медал за македонски репрезентативец на Европско кадетско првенство.

За потсетување, Бесир Алили беше избран за најдобар спортист на Град Скопје во категоријата Најталентиран млад спортист – кадет за 2018 година.

Scroll to Top