Миа во жартиери наполни 33 години

Водителката Миа Костова, една од Македонките што се соблече за „Плејбој“, го прослави 33. роденден. Таа се пофали дека роденденската прослава ја започнала со синот Андреј со кого дома заедно ги дувале свеќите од тортата. Потоа Миа забавата ја продолжила со своите блиски. Таа на социјалните мрежи објави фотографија од роденденската прослава потенцирајќи дека за тој ден носи и специјална облека. Во модерна црна комбинација, која ја надополнила со црни жартиери, Миа се пофали на социјалните мрежи. Водителката неодамна се сврши со своето долгогодишно момче, докторот Миленко Костов.

 

Scroll to Top