Мијата на фестивал во Италија

Мијата на 10 септември ќе го отвори музичкиот фестивал на контролори на летање во Саленто, Бриндизи- Италија. За овој настап таа создаде свој бенд од врвни музичари, наречен Контрол фрикс. Иво Митковски на тапани, Петар Димитриовски (Mark Purpose) на клавијатури и Кире Мирчовски на гитара. „Контрол фрикс“ ќе бидат дел од фестивалот кој ќе се одржи за првпат оваа година. Ќе имаат настап од 40 минути во кој има многу песни кои ги поврзуваат контролорите, како Crazy, Wake me up, Move in the right direction, а секако Мијата нема да заборави ниту на своите „Верувам во себе“ и Regret.

Освен македонските „Контрол фрикс“, ќе настапат и контролори од Чешка, Германија, Иран, Шпанија и други.

Мијата е веќе долго време на македонската музичка сцена и иако пред три години го издаде и својот прв албум, а наскоро најавува и втор албум.

Scroll to Top