Милена Антовска ја објави првата фотографија по породувањето

ТВ водителката Милена Антовска и нејзиниот сопруг Гордан неодамна станаа родители на девојче кое го доби името Лана, а оттогаш шармантната водителка не само што замина на породилно отсуство, туку и во медиумска илегала.

Ако претходно постојано беше активна на социјалните мрежи, Милена сега тотално ја заборави претходната пракса и е целосно посветена на својата принцеза која се уште не наполнила 40 дена.

На нејзината адреса се уште пристигнуваат честитки за приновата, а од мама Милена нема новини, туку само куси коментари со благодарност за честитките.

Но деновиве направи мала отстапка, па на својот Инстаграм се огласи со фотографија од розов балон, која ја надополни со емотивна, мајчинска мисла.

-Љубовта на мојот живот, моето се, напиша Милена.

#loveofmylife #myall❤️ #babygirl @gordanstankovski

A post shared by Milena Antovska Stankovska♑ (@milliemilaa) on

Засега гордите мама и тато остануваат резервирани за да ја покажат својата мала и сакана ќеркичка, а дали ќе останат вака дискретни кон јавноста за своето мало, а големо богатство, останува на времето да покаже.

Scroll to Top