Министерот Тевдовски откри како ги заработил првите пари

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во разговор за „Репортер“ ни откри како ги заработил првите пари. Вели дека тоа биле 80 марки, пари на кои многу им се израдувал, а со нив својата сестра ја честел ролерки.

„Ме замисливте малку, ама секако дека се сеќавам. Првите пари ги заработив кога играв за кадетската репрезентација на Македонија на Балканското првенство во фудбал“, раскажува министерот.

Фотографија од 1997 кога министерот ги заработил првите пари

Вели дека тоа било првенството што се одржувало во Јагодина, Србија, во 1997 година.

„На тоа првенство бевме втори на Балканот. Одличен успех. Победивме неколку репрезентации. Бевме многу среќни. А се сеќавам и дека ни дадоа по 80 германски марки. Јас особено се гордеев бидејќи тие пари се заработени од играње за репрезентацијата. И мислам дека со нив ѝ купив ролерки на сестра ми“, ни раскажа Тевдовски.

А. Георгиев

Scroll to Top