Министерот за правда како локален шериф, пак прави прекршок

Откако министерот за правда, Билен Саљији, престана да го паркира „пасатот“ на тротоарот пред Министерството за правда, оти му поставија столпичња, сега истово возило го фотографирале како прави сериозен прекршок во сообраќајот. На фејсбук-страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“ е објавена фотографија на која се гледа како истото возило излегува на улицата пред Министерството, при тоа газејќи две полни линии.

Претходно Саљији се најде на мета на јавноста затоа што неговото  возило беше паркирано на тротоар, го блокираше поминувањето на пешаците. Министерот јавно вети дека тоа нема да се повтори. По објавата за неговото паркирање, Град Скопје постави столпчиња по улицата „Даме Груев“ за да ја спречи узурпација на тротоарот.

Scroll to Top